text size
Единаесет инвестициски проекти се избрани на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Петчлена комисија составена од повеќе независни експерти и организации, како и претставници на Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ, ги оценуваше доставените инвестициски проекти. Главни критериуми за евалуација беа пазарниот потенцијал, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот и влијание.