„Прилепска пиварница“ согласно одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2023 година предлага на акционерите да им исплати дивиденда за 2023 година во бруто износ од 1.111 денари по акција. Станува збор за значително зголемување на износот во однос на претходната година кога беше исплатена дивиденда од 400 денари по акција.
Според предлог-одлуката, последен датум на тргување со право на дивиденда за 2023 година e 10.06.2024 година, а прв датум на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 11.06.2024 година.
„Исплатата на дивидендата за 2023 година ќе биде најдоцна до 30.09.2024 година. Дивидендата ќе биде исплатена на трансакциските сметки на акционерите“, пишува во предлог-одлуката.
За предлог-одлуката акционерите треба да гласаат на Собранието закажано за 23 мај годинава.