text size
„Прилепска Пиварница“ АД – Прилеп во првото полугодие од 2022 година оствари добивка од 52,1 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 59,3 милиони денари, покажува неревидираниот биланс на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.