text size
„Европската банка за обнова и развој“ (ЕБОР) одобри кредит на „Комерцијална Банка“ АД Скопје наменет за зелено финансирање. Кредитот на ЕБОР, во износ од 3,5 милиони евра под Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility-GEFF) ќе поддржи инвестиции од енергетската ефикасност на домаќинствата, колективното домување, производители на производи за зелена енергија и ентитети кои даваат услуги во секторот на зелената енергија.