text size
Масивен дијамант од 2.492 карати, еден од најголемите вакви камења некогаш пронајдени е откопан од рудник во Боцвана. Каменот, пронајден во рудникот Карове (Karowe), кој го води канадската компанија „Лукара дајмонд“ (Lucara Diamond Corp.), допрва треба да биде темелно проценет и не е јасно дали ќе ги биде меѓу скапоцените камења со највисок квалитет. Но, тој не е многу помал од 3.106-каратниот „Кулинан“ (Cullinan Diamond), најголемиот во светот, кој беше откриен во Јужна Африка во 1905 година.