Компанијата „Алказар енерџи партнерс“ (АЕП) од Луксембург денеска соопшти дека потпишала договор за развојна поддршка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, за изградба на ветерни електрани од 400 мегавати во Македонија.
Договорот ѝ дава пристап на АЕП до развојно финансирање за првата фаза на штипскиот ветерен парк, кој треба да започне да се гради подоцна во 2025 година, се вели во соопштението на инвеститорот.
Проектот вреден 500 милиони евра (567,1 милиони американски долари) треба да напојува над 100.000 домаќинства и да намали до 690.000 тони емисии на CO2 годишно.
Прочитај повеќе

Сто илјади домаќинства ќе добиваат струја од нов ветерен парк меѓу Радовиш и Штип
Инвестицијата на „Алказар енерџи“ е вредна над 500 милиони долари, а се очекува да се отворат нови 630 работни места.
25.06.2024
Ветерниот парк во Штип е првиот проект на АЕП во Македонија и е усогласен со нејзината стратегија за раст низ Западен Балкан.
Во 2023 година, АЕП ги стекна правата за проект на ветерна електрана од 119 MW во Црна Гора, во вредност од приближно 200 милиони американски долари. Минатата година, инвеститорот, исто така, се согласи да купи права за развој, изградба и функционирање на Проектот Целзиус 1, проект за копнена енергија од ветер источно од Белград, со моќност од 200 MW.