text size
Член на Одборот на ревизија на „Комерцијална банка“ си поднесе оставка од функцијата поради судир на интереси. Од банката преку Македонската берза информираа дека на вчерашната седница на Собранието, акционери кои што поседуваат 52,5 проценти од акциите со право на глас донеле одлука со која друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје се определува за друштво за ревизија на годишните финансиски извештаи на банката за периодот од 2022 до 2026 година.