Главниот извршен директор на „Визер холдингс“ (Wizz Air Holdings Plc) ја зголеми проекцијата за раст на нискобуџетниот превозник за оваа фискална година, откако пред два месеца ја намали, велејќи дека компанијата додава авиони „ербас“ (Airbus SE) и враќа на небото приземјени авиони.
Авиокомпанијата со седиште во Унгарија во 2026 очекува раст од 20 проценти на годишно ниво, изјави Јожеф Варади во вчерашното интервју. „Визер“ првично ја објави таа цел во јуни, но потоа ја намали на 10 отсто кога објави заработка во ноември.
Јожеф Варади, главен извршен директор на „Визер холдингс“
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе
„Визер“ го укинува летот Скопје-Будимпешта
Сите погодени патници се информирани за промените и им се понудени алтернативни опции за патување, како и опции за целосно враќање на средствата во форма на оригинално плаќање или „Виз кредит“.
20.02.2025
Проблемите со моторите на авионите на „Визер“ ќе го намалат профитот
Оперативната добивка за пресметковната година што завршува во март ќе падне на 250-300 милиони евра, а претходно се очекуваше да биде меѓу 350 и 450 милиони евра.
30.01.2025
„Примаме испораки на нови авиони, а исто така обновуваме и некои од авионите поврзани со ГТФ (GTF)“, рече Варади, осврнувајќи се на турбовентилските мотори на „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney). „Тоа, од една страна, ќе нè врати во значителен раст од околу 20 проценти, а од друга ќе обезбеди поефикасен оперативен модел отколку во 2025 година.“
Акциите на компанијата утрово пораснаа дури за 3,4 проценти во тргувањето во Лондон по четири дена пад. Авиокомпанијата треба да ги објави резултатите за третиот квартал на крајот од овој месец.
Проблемите со одржувањето го принудија „Визер“ да приземји дел од својата флота составена само од „ербас“ од 2023 година, зголемувајќи ги трошоците на авиокомпанијата, забавувајќи ги испораките на авиони и намалувајќи ги плановите за проширување.
Варади сè уште очекува приземјувањето на авионите да заврши до крајот на 2027 година.
„Нема да бидеме целосно чисти бидејќи во текот на годината сè уште ќе имаме некои авиони на земја, но пропорционално тоа е многу помалку“, рече тој.
Испораките вклучуваат A321XLR на „ербас“, авион со тесен труп и екстра-долг досег. Варади рече дека компанијата размислува каде да стационира дел од нив, а аеродромот „Фјумичино“ во Рим е меѓу кандидатите. Моделот веќе лета на релацијата Велика Британија - Саудиска Арабија.