„Ханивел Интернешнл Инк.“ (Honeywell International Inc) планира да ја купи компанијата „Каталист Технолоџис“ (Catalyst Technologies) на „Џонсон Мети“ (Johnson Matthey) во договор со кој единицата се проценува на 1,33 милијарди фунти (1,8 милијарди долари), обезбедувајќи договор по пониска цена.
Британската компанија очекува да врати околу милијарда фунти од нето приходите од продажбата на акционерите, соопшти компанијата во понеделникот. „Блумберг њуз“ претходно објави дека „Ханивел“ се согласил на намалување на цената, спасувајќи го претходниот договор од мај од 1,8 милијарди фунти, кој ризикуваше да се распадне.
Се очекува договорот за единицата, која произведува ензими за индустриски процеси, да биде завршен до крајот на август.
„Ханивел“ размислуваше да се повлече од договорот, објави претходно „Блумберг њуз“, што би претставувало удар за напорите на „Џонсон Мети“ да го преоринетира бизнисот со фокусирање на чист воздух и хемикалии од платинската група.
Акциите на британската компанија скокнаа по првичното објавување на договорот. Тие пораснаа за речиси 60 проценти во последните 12 месеци.