Брокерската компанија „Интеркапитал“ (InterCapital), предводена од Иван Куртовиќ, минатата година го претстави ЕТФ фондот „Еуро мани маркет“ (Euro Money Market UCTIS ETF), со очекуван нето-принос од 3,65 проценти годишно. Тој е првиот отворен инвестициски паричен фонд во Хрватска и, според „Интеркапитал“, моментално еден од најбезбедните инвестициски производи на пазарот. „Нашиот пазар на пари претставува пресвртница во регионалниот финансиски сектор. Ова е прв таков фонд во Хрватска и втор во Европа и нуди единствена можност за конзервативни и флексибилни инвестиции“, истакнува Куртовиќ и додава дека во 2024 година планираат да воведат уште два производа и да ги котираат, покрај во Загреб, и на берзите во Љубљана и во Букурешт.
„Интеркапитал“ е единствената брокерска компанија во регионот што создаде ЕТФ фондови што, меѓу другото, ги следат словенечките и хрватските индекси.