text size
Кога „Старбакс“ (Starbucks) отпушти 900 лица од своите вработени во септември, економистите дури не ни трепнаа со око. На крајот на краиштата, синџирот на кафетерии веќе спроведе чистка како дел од новиот напор на менаџментот за нормализирање на бизнисот на производителот на „фрапучино“ (Frappuccino е заштитен знак на „Старбакс“ за неговата линија ладни пијалаци од кафе). Во октомври „Таргет“ (Target) објави дека ќе затвори 1.800 работни места во обид побрзо да излезе од рецесијата. Значи, за секое отпуштање во корпорациите постои јасно објаснување што компаниите го наведуваат во своите најави. Така, „Амазон“ (Amazon) ја обвини вештачката интелигенција (ВИ) за затворањето на 14.000 работни места во корпорацијата, „Парамаунт“ (Paramount) го оправда отпуштањето на 1.000 работници со штотуку завршеното спојување со друга компанија, а производителот на пиво „Молсон Курс“ (Molson Coors) отпушти 400 работници затоа што не може да ги натера потрошувачите што се свесни за јаглехидратите да пијат доволно пиво.