text size
Невработеноста во Македонија континуирано се намалува во последната деценија и стапката е буквално преполовена. Стапката на невработеност од 23,4 отсто во третиот квартал од 2016 година, во истиот период оваа година изнесува 11,5 отсто, или Државниот завод за статистика во својата база на податоци запиша 91.756 невработени лица. Единствен исклучок е второто тримесечје од 2020 година, кога пандемијата на коронавирусот сериозно ја наруши светската економија, па и Македонија како последица, меѓу другото, запиша и зголемување на невработеноста.