Од вкупно 704.617 вработени лица во Македонија на крајот од минатата година речиси дваесетина илјади лица биле без никакво образование или незавршено основно образование, а речиси сто илјади лица биле со завршено основно образование, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Меѓу работниците доминираат оние со завршено средно образование (околу 375.000 лица), а бројот на вработени со завршено високо образование изнесувал околу 202.000 лица.
Од друга страна, статистиката за бројот на вработени според занимањето открива дека во Македонија заклучно со минатата година најбројни биле стручњаците и научниците (околу 140.000 лица), што е своевиден апсурд ако се земе предвид дека вкупниот број на вработени со високо образование изнесувал околу 202.000 лица. Тоа би значело дека мнозинството од оние со завршено високо образование се стручњаци или научници, што е повеќе од дискутабилно за земја која има помалку од два милиона жители.
Дополнително, доколку им се верува на ваквите статистички квалификации, тоа би значело дека бројот на стручњаци и научници во земјава е поголем од бројот на вработени во услужните дејности и продажбата, како и од бројот на лица со елементарни занимања.
Прочитај повеќе
Македонија урна рекорд во недостиг од работници
Новиот рекорд е само потврда дека во земјава веќе подолг период постои хроничен недостиг од работници во повеќе сектори.
04.03.2026
Ејџизам – дали годините се невидлив филтер на пазарот на трудот
Зошто животната возраст и богатото искуство сè почесто стануваат пречка наместо ресурс и предност при вработувањето?
15.02.2026
Пазар на трудот 2026: Високи очекувања за ниски стапки на невработеност
Според фискалната стратегија на земјава за периодот 2026-2030 година, целта е веќе во следната, 2027 година, стапката на невработеност првпат да влезе во едноцифрената зона и да изнесува девет отсто.
02.01.2026
Само 19 отсто од вработените добиле покачување на платата годинава
Инфлацијата и благото обезвреднување на парите се тоа што ја врати платата на тронот кога станува збор за критериумите при изборот на работодавец.
04.12.2025
Водоводџиите, фризерите, молерите остануваат човечки професии: До кога во Македонија?
Најотпорни на вештачката интелигенција и автоматизацијата се професиите што вклучуваат физички труд во непредвидливи средини и директна работа со луѓе.
19.11.2025
Повеќето работници можат да сонуваат просечна плата
Кога станува збор за примањата и стандардот на работниците, во Македонија има континуиран раст на просечната плата, меѓутоа повеќето работници земаат плати што се многу пониски отколку вкупниот просек на ниво на држава.
Имено, според последните податоци, просечната нето плата во земјава во февруари годинава изнесувала 46.159 денари, а вработените во повеќе дејности во кои има најмногу вработени земале плата што во просек е пониска од 40.000 денари.
Уриваме рекорди во недостиг од работници
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека бројот на слободни работни места во Македонија заклучно со четвртото тримесечје од 2025 година изнесувал 10.615, што е убедливо највисока бројка за повеќе од една деценија. Новиот рекорд е само потврда дека во земјава веќе подолг период постои хроничен недостиг од работници во повеќе сектори. Меѓу главните причини за ваквата состојба се нискиот стандард на работниците во Македонија поради што расте бројот на македонски граѓани кои се иселуваат и среќата си ја бараат надвор, како и лошите демографски политики кои придонесоа кон континуиран негативен природен прираст.
Државниот завод за статистика соопшти дека стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2,14 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.387, има во услужни дејности и продажбата.
„Највисока стапка на слободни работни места од 4,39 проценти има во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 проценти“, соопшти ДЗС.
Оттаму информираа дека Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 проценти, деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 проценти.