text size
Допингот ги уништува телото, умот и репутацијата на спортистите. Но група инвеститори, вклучувајќи ги бизнисменот Питер Тиел и милијардерот Доналд Трамп Џуниор, гледаат деловна можност. Тие неодамна објавија дека првото издание на „Подобрени игри“ (англ. Enhanced Games) ќе се одржи во Лас Вегас следниот мај. Станува збор за своевидни олимписки игри на кои на спортистите им е дозволен допинг, дури и се охрабруваат да земаат средства за подобрување на перформансите.