Фудбалската ѕвезда Лионел Меси основа холдинг компанија за да инвестира во спорт, медиуми и технологија на светско ниво.
Со седиште во Сан Франциско „Play Time Sports-Tech HoldCo LLC“ ќе биде главното инвестициско средство на Меси, пишува во соопштението. Компанијата ќе ги истражи инвестициските можности, што може да вклучуваат на пример помош за основачи на стартапи, помош во изградба на фудбалско-технолошки комапнии или инвестиции во самите клубови.
„Возбуден сум што може да ја проширам својата кариера со Силиконската долина и одушевен сум што „Play Time“ ќе соработува со важни претприемачи од целиот свет“, рече Меси.
„Play Time“ ќе ја води Размиг Ховагимиан, партнер во компанијата за ризичен капитал „Graph Ventures“. Мајкл Маркез, основач на инвестициската банка „Code Advisors LLC“ ќе биде посебен советник. Ховагемиан исто така е и коосновач на фудбалскиот проект „Matchday.com“, што „Play Time“ го смета за своја прва инвестиција, а се планира да се лансира пред почетокот на фудбалското Светско првенство во ноември годинава. Холдингот има удел и во фудбалско-технолошкиот стартап „AC Momento“.
„Од времето кога го запознав Лео и семејството Меси, во 2017 година, беше јасно дека неговата визија за иднината е многу јасна и значајна“, рече Ховагемиан во својата изјава, додавајќи дека посакува да продолжат со големо и трајно влијание како на теренот, така и надвор од него.