Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот, денеска се можни прекини во е-услугите во период од 9 до 17 часот.
„Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по мејл, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и 'мојДДВ'“, посочуваат од УЈП.
Штом завршат активностите, како што се посочува, системот ќе биде ставен во функција, по што ќе може да се користат и е-услугите.
Апликацијата „мојДДВ“ имаше одредени проблеми изминатите денови, кога пристапот беше оневозможен во утринските часови, а апликацијата „проработуваше“ околу пладне. Не функционираа ниту веб-страницата и системот за корисници на Катастарот.