Ќе треба да се повлече од продажба УХТ трајно млеко „милкано“ со 3,2 проценти масленост откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го отповика како небезбеден производ. Во составот е утврдено присуство на афлатоксин М1.
Станува збор за соединение што може да предизвика сериозни здравствени проблеми, а е отпорно на пастеризација или домашна термичка обработка. Од продажба треба да се повлечат производите што се со сериски број LOT FD04, произведени на 5 октомври годинава, а со рок на употреба до 4.3.2023 година.
Инаку, производител на спорниот производ е млечната индустрија „МИ99“ од Градачац, Босна и Херцеговина.
Во Македонија го увезува и го продава „Стокомак“, синџир на трговски маркети од каде што вчера известија дека го повлекуваат млекото од полиците и дека сите што го купиле може да одат во маркетот и да им биде вратен износот што го платиле. Од „Стокомак“ известија и дека ја прекинуваат соработката со оваа босанска млекарница.
Од АХВ исто така повикуваат крајните потрошувачи што гo купиле ова млеко со посочениот сериски број/лот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.