Џеф Безос, основач на „Амазон“ и четврти најбогат човек во светот, рече дека сепак планира најголемиот дел од своето богатство да го донира во текот на својот живот. Безос, како што рече за Си-ен-ен, ќе ги намени своите пари за борба против климатските промени и за поддршка на тие што сакаат да ги обединат луѓето во услови на големи социјални и политички поделби,.
Безос вреди 123,9 милијарди долари, покажува индексот за милијардери на „Блумберг“. Иако неговото богатство оваа година се намали речиси за 70 милијарди долари, сепак значајно порасна во последната деценија, откако неговиот гигант во е-трговијата ги надмина конкурентите. Тој поседува луксузни куќи во Њујорк, Лос Анџелес и на Хаваите. Тука е и јахтата вредна 500 милиони долари, која ја нарача да се гради во Холандија.
Педесет и осумгодишниот Безос во последните години ѝ обрнува многу поголемо внимание на филантропијата, а презеде и многу поголема јавна улога преку купувањето на „Вашингтон пост“ во 2013 година.
Прочитај повеќе
Катастрофален пад на вредноста на „Амазон“
„Амазон“ е првата јавна компанија во светот што загуби илјада милијарди долари од пазарната вредност.
11.11.2022
Новиот робот на Амазон во иднина може да ги замени луѓето
Пресвртница во напорите на гигантот за е-трговија да ја намали зависноста од луѓето
10.11.2022
Потрошувачи ги тужат „Епл“ и „Амазон“ за заговор за високи цени на ајфон
Има тужба за компаниите за создавање незаконски договор за зголемување на цените на ајфон и ајпад.
09.11.2022
Безос предизвика критики бидејќи не потпиша ветување за донации, акт на мнозинството најбогати луѓе во светот со кој голем дел од своето богатство тие донираа во добротворни цели. Безос со години се држеше настрана од филантропијата. Наместо тоа, тој се фокусира на „Амазон“ и „Блу ориџин“, својата профитна компанија за истражување на вселената.
Климатски промени
Но неодамна Безос посвети милијарди долари во добротворни цели и го зголеми темпото на донации откако минатата година отстапи од местото главен извршен директор на „Амазон“. Неговата поранешна сопруга Меккензи Скот испрати повеќе од 12 милијарди долари за непрофитните организации откако тие двајцата се разведоа во 2019 година, главно фокусирајќи се на помали добротворни организации во САД, кои често се запоставени од големите донатори.
Безос посвети околу 10 милијарди долари за справување со климатските промени преку својот „Еарт фонд“ (Earth Fund), а најави и подарок од 200 милиони долари за националниот музеј за вселената „Смитсонијан“.
Во саботата ја именува Доли Партон за нова добитничка на неговата награда за храброст, давајќи ѝ на музичката легенда 100 милиони долари да ги насочи во добротворни цели по нејзин избор. Претходно, сличен износ му даде и на готвачот Хозе Андрес, чија светска кујна храни луѓе во области погодени од катастрофи.