Полска, земја која е членка на НАТО, била погодена од заталкани руски ракети, при што загинале две лица, јави агенцијата „Асошиејтед прес“ (Associated Press).
Украина денеска беше цел на руски ракетни напади откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија мора да ги прифати границите на неговата земја и да ги повлече своите војници за да се одржат мировни преговори.
Два заталкани проектила погодиле фарма во Полска, во близина на границата со Украина. Како што пренесе Си-ен-ен (CNN), две лица се пријавени за загинати.
Полските медиуми објавија слика од ударот и превртено земјоделско возило на местото на настатнот, во близина на местото Пржеводов.
Ракетите паднале приближно во исто време со рускиот ракетен напад врз западна Украина.
Владиниот портпарол изјави дека полскиот премиер Матеуш Моравјецки го свикал Комитетот на Министерскиот совет за прашања за национална безбедност и одбрана.