На 14 ноември, во Шарм ел Шеик, претставници од девет земји седеа на заедничка маса. Тоа беше почетокот од втората недела од самитот КОП27, но ова не беше панел-дискусија или разговор за загубите и штетите. Вечерата, која ја организира Владата на Сингапур, заедно со поддржувачите на алтернативни протеини, претставуваше прослава со главно јадење од различни типови месо, одгледано во животински станици на биореактор.
Моментално Сингапур е единственото место во светот што дозволува комерцијална продажба на одгледани протеини, познато како лабораториско одгледано месо. Но пилешкото месо не е единствениот фокус. Со оглед на заканите од климатските промени кон морскиот екосистем, градот-држава поведе иницијатива и за дозвола, регулирање и конечно нормализирање на комерцијалната продажба на одгледаната морска храна.
Ентузијазмот на Сингапур, воден од локалната прехрана и нивната сопствена изложеност на увоз на храна, може да се спореди со ентузијазмот на десетици стартапи низ светот што истражуваат начини за одгледување школки, јастози и други морски видови во лабораториски услови. Но тука доаѓа и проблемот како да се заинтересираат потрошувачите да ги јадат тие производи.
Знаењето што стои зад лабораториското одгледување месо не е нешто ново, такви станици за култури првпат се користеа во медицинските истражувања во 1907 година, но допрва треба да се види големата примена за одгледување риба.
Меѓутоа, плодовите од морето претставуваат голем простор за иновации. Луѓето денес едноставно јадат двојно повеќе отколку во 1960 година, а консумирањето риба расте речиси двојно побрзо отколку прирастот на населението. Превозот на морски плодови често бара и воздушен превоз на долга оддалеченост, што резултира со големи емисии на стакленички гасови. Рибарската индустрија е меѓу најчувствителните на променливата клима, бидејќи закиселувањето на океаните го загрозува морскиот свет, а потоплата морска вода го менува распоредот на дистрибуција на рибните резерви. Помалку од две третини од тие резерви сега се на биолошко одржливо ниво, што претставува пад од 90 проценти во однос на 1974 година, според податоците од Организацијата за храна и земјоделство.
Падот на дивиот улов не може лесно да се надомести ниту преку аквакултура, која и сама е жртва на експерименталните временски услови предизвикани од климатските промени. Во јули тропскиот циклус во јужна Кина предизвика пустош во одгледувачниците на риби со големина од 22.900 фудбалски игралишта. Мирте Госкер, извршна директорка на непрофитната организација „Гуд фуд институт“ (ГФИ) (Good Food Institute Asia Pacific), со седиште во Сингапур, вели дека заканите за испораките на морски плодови претставуваат очигледен момент за одгледување протеини.
„Тоа едноставно е попаметен начин за приготвување месо. Азискиот пазар игра централна улога во оваа промена. Од првите десет земји што јадат најмногу риба, седум се во Азија, што создава океан од можности за алтернативни производители на морска храна“, вели Госкер.
Инвеститорите, исто така, ги следат состојбите преку финансирање компании што се занимаваат со одгледување морски плодови од дури 115 милиони долари во 2021 година, покажува истражувањето на ГФИ. Иако тоа уште се ситни пари во споредба со 1,3 милијарда долари, колку што лани вкупно беа инвестирани во одгледувањето месо, сепак е двојно повеќе од нивото на финансирање на одгледувачниците за морска храна во 2020 година.
Стартапите во секторот ги вклучуваат „Шиок митс“ (Shiok Meats) за ракчиња и јастози, со седиште во Сингапур, и „Авант митс“ (Avant Meats), стартап од Хонгконг, кој потроши пет години за усовршување на одгледувањето морски деликатеси за кои малкумина чуле на Запад. Во својата лабораторија без прозорци во научниот парк во Хонгконг, пет научници ги вршат секојдневните активности и обврски, кои вклучуваат хранење на рибните станици, броење на рибите, како и готвење и приготвување производи базирани на морската храна во вградена кујна во лабораторијата.
Културата на морски плодови толку е распространета во Хонгконг, што месното население веќе именува улици по нив, на пример Хој Меј, што на нивниот јазик значи „вкус на морето“.
„Авант“ веќе работи на верзии на врвни состојки за азиската кујна одгледани во лабораториските одгледувачници.
Меѓутоа, развивањето на науката за лабораториско одгледување морска храна е само половина од битката, Сингапур се обврза дека до 2030 година дури 30 проценти од својата храна ќе произведува локално (во однос на сегашните помалку од 10 отсто), што ја прави привлечна опцијата за одгледување месо и морски плодови. Но ниту една друга земја уште не допуштила комерцијална продажба на одгледаните протеини, иако некои се сѐ поблиску до таква одлука.
Холандија годинава го легализира одгледувањето протеини, а новиот кинески земјоделски план за првпат вклучува и одгледување месо во животински станици. Во САД, Управата за храна и лекови неделава издаде прелиминарно зелено светло за лабораториско одгледување месо за човекова исхрана, иако е потребна регулаторна рамка, а за секое месо, освен морските плодови, ќе мора да се добие одобрение од Министерството за земјоделство.
Меѓутоа, засега ограничениот пазар за овие производи значи дека стартапите што произведуваат немаат никаков пат до економска исплатливост. Бројот на емисии на масовно одгледаните риби исто така останува нејасен, бидејќи колку повеќе биореактори се користат за одгледување риби толку повеќе станицата троши енергија. Затоа, тука предизвик претставуваат потрошувачите.
Поддржувачите на одгледано месо треба само да го погледнат примерот со месо од растително потекло и да увидат колку е тешко да се примени во исхраната. По години развој, некои понуди на месо од растително потекло имаат речиси идентичен вкус како своите животински пандани и се тврди дека имаат слична нутритивна вредност и многу помала емисија. Но цените уште не се конкурентни, а потрошувачите уште не се посветени. ГФИ проценува дека месото од растително потекло минатата година имаше помалку од еден отсто од глобалниот пазарен идел.
Од своја страна, пак, од „Авант“ се оптимистични во поглед на овие производи, иако нивните сопствени рибни филети нема да се конкурентни во поглед на трошоците уште најмалку три години. Компанијата сега планира своја фабрика и собра речиси 15 милиони долари од институционални инвеститори. Коосновачката Кери Чан вели дека „Авант“ почна да поднесува барање за регулаторно одобрување во Сингапур за своите производи. Кога ќе се случи тоа, „морското богатство“ одгледано во лабораториите може да се најде на масите во рестораните во рок од две години.