Самитот на Обединетите нации за климата, КОП27, е затворен со значаен договор за надомест за сиромашните земји погодени од глобалното затоплување и планови за ублажување на ефектите од климатските промени, но многумина делегати беа вознемирени што се постигна само мал напредок за некои други главни цели, вклучувајќи и зголемување на обврските за сузбивање на климатските промени, користење фосилни горива и ограничување за глобалното затоплување на 1,5 Целзиусов степен до крајот на векот.
„Светот гледа“, рече египетскиот министер за надворешни работи, кој претседаваше со состанокот, откако нацрт-договорот беше изнесен на отворена пленарна седница за расправа дури во 4:10 часот наутро, пред да го потпишат претставниците на земјите.
Немирниот самит се одржа во заднина на светската енергетска криза предизвикана од руската инвазија врз Украина, што ги разоткри недостатоците за тоа како би требало да се управува со светот при транзицијата од фосилни горива.