„Рено“ (Renault Trucks) ѝ помогна на „Кока-кола“ (Coca-Cola) да ги победи „Пепси“ (Pepsi) и „Тесла“ (Tesla Inc.).
Coca-Cola Europacific Partners Plc, најголемиот производител на безалкохолни пијалоци според приходите, во четврток започна да користи камиони со батерии од брендот во сопственост на „Волво“ (Volvo AB) за локален транспорт во Белгија. Tesla треба да го достави својот прв електричен камион „семи“ (Semi) на „Пепси“ (PepsiCo Inc.) на 1 декември - пет години откако Илон Маск ги покажа прототипите и почна да зема депозити.
Кога Tesla првпат го претстави Semi во ноември 2017 година, Маск рече дека ќе влезе во производство две години подоцна. Додека потенцијалните клиенти, вклучувајќи ги „Волмарт“ (Walmart Inc.) и „Ајнхајзер Буш“ (Anheuser-Busch InBev SA), вложија депозитит, производителот на автомобили на крајот му даде приоритет на производството на Model 3 и Model Y, додека се бори со проблеми во синџирот на снабдување.
Renault Trucks добро знае за доцното пристигнување на Semi. Компанијата се потсмеваше на Tesla минатиот месец со видео на кое се прикажани двајца работници како поставуваат билборд на кој се вели дека Semi e иднината на товарниот транспорт, а потоа заминуваат со електричен камион „рено“.
Coca-Cola соопшти дека добива камиони Renault E-tech D и E-Tech D Wide кои можат да патуваат околу 200 километри (124 милји) на ден. Повеќе од возилата ќе пристигнат на локациите за флаширање во Белгија во текот на наредните месеци, бидејќи компанијата се залага за намалување на емисиите на јаглерод. Semi е поголемо, потешко возило со досег кој се проценува на 500 милји, според веб-страницата на Tesla.
Pepsi резервира 100 вакви камиони и очекува да распореди 15 до крајот на годината. Планира да ги користи во две фабрики во Калифорнија и на Twitter објави дека ќе соопшти повеќе детали откако ќе ги преземе возилата.