Поради најава за поставена бомба е откажана годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија во хотелот „Александар палас“ во Скопје, на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.
На настанот во рамките на конференцијата требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Претходно серија на дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училишта, институции и трговски центри низ државава.
Ова е прв случај на најава за поставена бомба на настан на кој е предвидено да присуствуваат политичари.