Aвтобускиот превоз може да поскапи и до 20 отсто. Транспортерите прават пресметки по последните покачувања на цените на горивата и велат дека е можно веќе на почетокот на идната недела да возат по нови, повисоки цени.
Последен пат автобуските билети поскапеа во март пред Владата да воведе антикризни мерки односно да ги намали акцизите и ДДВ од 18 на 10%.
Сега откако заврши важноста на мерките, транспортерите бараат Владата да ги разгледа нивните барања кои вклучуваат и повторно откажување од дел од акцизата.
Откажување од акцизата, но и поврат на оваа давачка како во земјите во регионот, бараат и превозниците на стока. Велат дека се соочуваат со драстично зголемени трошоци што ги прави целосно неконкурентни се во однос на превозниците од соседните земји.
Барањата на превозниците до Владата се доставени пред два месеци и одговр се уште нема.
Горивата во земјава за два дена поскапеа за 12 денари по литар и во моментов се на историски највисоко ниво.