Грабежите на банки стануваат минато во безготовинскиот систем на Данска, откако оваа нордиска земја ја забележа првата година на нула инциденти во 2022-та.
Криминалците открија дека повеќе не се исплати да влегуваат во филијалите на банките во потрага по вреќа со свежи банкноти, бидејќи намалената употреба на готовина во општеството ги натера банките да ги намалат трошоците со повлекување на готовинските услуги од повеќето филијали.
Во 2021 година, Данска имала само еден грабеж на банка, според податоците од „Фајненс Денмарк“ (Finance Denmark), најголемата индустриска групација за заемодавци во земјата. Тоа е значително намалување од 222 од пред само две децении.
Според податоците на централната банка, Данците за трансакции сè повеќе користат картички и апликации за плаќање на нивните паметни телефони, поради што повлекувањето готовина е намалено за околу три четвртини во последните шест години. Севкупно, околу 20 филијали на банки низ Данска имаат готовина, според „Фајненс Денмарк“.
Како што исчезнуваше готовината од банките, ограбувачите почнаа да целат на банкоматите, а таквите напади достигнаа највисоко ниво од 18 во 2016 година. Тие сега се исто така сведени на нула поради подобриот надзор и техничката заштита, соопшти финансиската група.