По неколку бурни години, популарните градови и приморските дестинации во Југоисточна Азија се подготвени за големо туристичко враќање во 2023 година. Тајланд оваа година очекува дури 10 милиони посетители само од Кина. Филипините, во еден момент именувани за најлошо место за заглавување за време на ковид, забележаа раст на својата туристичка индустрија со стапка што е поголема од глобалниот туристички просек од 5,8 проценти, според податоците од Светскиот совет за патувања и туризам. Виетнам е еднакво подготвен за бум, а Индонезија гледа кака „Кимптон“, „Хилтон“ (LXR Hotels & Resorts) и други луксузни брендови го прават својот прв влез во земјата.
Освен што жителите на Азија се враќаат на своите омилени туристички места, повеќе меѓународни туристи планираат враќање на долгите одмори, излежувајќи се на плажите со бел песок и капејќи се во тиркизните води на Југоисточна Азија. Издвојуваме некои од најперспективните одморалишта покрај плажа што треба да се отворат во тој регион во 2023 година.
Индонезија
Кап Каросо, Индонезија
Еден час лет источно од Бали ве приземјува на островот Сумба, каде што бегството на „Кап Каросо“ со 47 соби и 20 вили ветува еколошки одмор на плажа. Основан од француската двојка Фабрис и Евгенија Ивар, кои првпат ја посетија Сумба во 2017 година, хотелот половина од својата енергија произведува од соларни панели. Таму има и фарма за да се набават голем дел од производите што се служат во ресторанот и клубот на плажа.
Училиште за локалните жители ќе биде дел од начините за враќање на одморалиштето, обезбедувајќи обука за земјоделство и уредување, вештини што локалното население потоа може да ги искористи на сопственото земјиште или во угостителството.
Модерните локално дизајнирани апартмани и вили, кои имаат до три спални соби, се наоѓаат само на неколку чекори од блескавата плажа и сините води што го одземаат здивот. Наведените искуства вклучуваат возење велосипед, качување по водопади и искуства предводени од страна на заедницата, како што се познатите островски коњчиња од сандалово дрво.
Отворање во април 2023 година; собите се очекува да почнуваат од 300 долари за ноќевање за студио и 600 долари за вечер за вила со две спални.
Кимптон Наранта
Индонезија го добива својот прв имот на Кимптон преку „Кимптон Наранта“, нудејќи искуство „луксуз со боси нозе“. Опсегот од 50 вили се наоѓаат на падината на јужниот дел на Бали, опкружени со бујна вегетација и опремени со надворешни тушеви од дожд и базени со солена вода. Иако нема да бидете директно на песок, тоа задоволство е на само 10 минути возење до плажата Нуса Дуа.
Пет ресторани, холистички спа-центар, павилјон за јога, електрични скутери и вежбалница со работно време 24/7 ќе бидат меѓу многуте погодности во ова одморалиште.
Отворање во декември 2023 година; собите се очекува да почнуваат од 600 долари за ноќ.
Павилјони Анамбас
Хотелите и одморалиштата на „Павилјон хотели и ресорт“ (Pavilions Hotels and Resorts) имаат луксузни хотели во Рим, Амстердам и други големи европски градови, како и на повеќе локации во Азија, вклучувајќи ги Бали и Монголија. Овој хотел со 12 вили и 10 луксузни резиденции ќе биде отворен во архипелагот Анамбас, кој е дел од најсеверниот синџир острови во Индонезија и до кој може да се стигне само со приватен брод или пловечки авион. Постои ветена политика за 100-процентна неупотреба на пластика, а сите вили имаат приватни базени со солена вода, кои се свртени кон плажата и океанот, а имаат и прозорци од подот до таванот. Сопствениците на објектот велат дека ќе понудат екскурзии за нуркање, бар на плажа на брегот на песок и спа-центар.
Отворање во четвртиот квартал на 2023 година.
ЛХР хотели и одморалишта
„ЛХР хотели и одморалишта“ (LXR Hotels & Resorts), луксузната колекција на „Хилтон“, ја отвора својата прва локација во Југоисточна Азија. Сместени на карпи на 230 стапки над морето во областа Улувату на Бали, 72 вили гледаат на бистрите води и белиот песок подолу на мирната плажа Меласти. Бесконечниот поглед на океанот, од базените и спалните соби на вилите, најверојатно ќе биде врв овде.
Отворање налето 2023 година; цените ќе почнуваат од 600 долари и 900 долари за вили со една и две спални соби.
Тајланд
Плажа Андаз Патаја Џомтиен
Лоцирана на два часа возење јужно од Бангкок, плажата Андаз Патаја Џомтиен (Andaz Pattaya Jomtien) го означува првото отворање на брендот „Хајат Андаз“ (Hyatt Andaz) во Тајланд. Делови од структурата и материјалите на куќите од тајландско тиково дрво, кои првично се наоѓаа на имотот, беа вградени во комплексот, кој сега вклучува 200 соби, апартмани и вили свртени кон плажата Таванрон во популарниот туристички центар Џомтиен. Шест ресторани, три отворени базени, спа и фитнес-центар се меѓу погодностите. Наскоро ќе бидат отворени две дополнителни куќи за сместување големи семејства и групи, вклучувајќи и „Претседателска куќа од наследство“, со шест спални соби со приватни дворови, базени и служба за батлер.
Отворено сега; собите започнуваат од 270 долари по ноќ.
Виетнам
Анам Муи Не
Азиското жариште за сурфање на ветер Муи Не, исто така познато и по своето рибарско село, е подготвено за експанзија, со нов експресен пат, кој наскоро ќе го намали времето на патување од градот Хо Ши Мин на само 2,5 часа. Тоа е добра вест за „Анам Муи Не“, одморалиште на плажа дизајнирано да ја евоцира индокинеската ера со локални дрвени работи со извонредни детали, статуи, мозаични плочки и лампиони, како и слики нарачани од виетнамски уметници. Ова е втор имот на независен виетнамски луксузен бренд. Првиот се наоѓа во јужниот централен крајбрежен град на Виетнам, Кам Ран.
Отворен сега; цената на собите започнува од 283 долари од вечер за врвна соба со поглед на океанот.