Севернa Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на „Транспаренси Интернешнл“.
Во однос на лани индексот на земјава е зголемен за еден поен. Државата има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.
Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место. Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.
Најмалку корупција, според „Транспаренси Интернешнл“, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.