Турција за помалку од 12 часа извести за втор силен земјотрес во југоисточниот дел на земјата.
Опсерваторијата „Кандили“, со седиште во Истанбул, соопшти дека земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодил провинцијата Кахраманмараш во 13.24 часот по локално време.
Рано утринава земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот турски град Газијантеп. Во земјотресот загинаа стотици луѓе во Турција и Сирија, а илјадници се повредени. Тоа е најсилниот земјотрес што ја погодил земјата од 1939 година.
Прочитај повеќе
Катастрофален земјотрес меѓу Турција и Сирија, стотици загинати
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава.
06.02.2023
Турција одби Маск да испрати „Старлинк“ по силниот земјотрес
Турската влада го одби предлогот на Илон Маск да испрати сателитска широкопојасна услуга во земјата.
06.02.2023