КАА Гент, еден од најдобрите белгиски фудбалски тимови, се обидува да продаде удел во клубот, според документите разгледани од „Блумберг њуз“ (Bloomberg News).
На потенцијалните купувачи им се нуди уникатна можност да се стекнат со удел во легендарен, стабилен и добро управуван врвен белгиски фудбалски клуб, се вели во документите на Тифоси, која ги советува сопствениците на клубот.
Гент, кој е петти на листата во првата белгиска лига, Пролигата, играше 15 пати во Лига Европа на УЕФА и еднаш на елитниот турнир Лига на шампионите.
Белгискиот фудбал, кој даде некои од врвните светски ѕвезди, како Виктор Осимхен од Наполи и Џонатан Дејвид од Лил, привлече неколку странски инвеститори во своите клубови во последниве години. Стандард лани беше купен од „777 партнерс“ (777 Partners LLC), со седиште во Мајами, а РВК Моленбек (RWK Molenbeek) неодамна беше купен од „Џон Тексторс игл“ (John Textor’s Eagle Holdings).
Стадионот на Гент собира околу 20.000 гледачи. Претставниците на Гент и Тифоси одбија да коментираат.