Потеклото на пандемијата Ковид-19 најверојатно е од лабораторија, според наодите на Министерството за енергетика на САД, објави „Волстрит журнал“ (WSJ).
Во извештајот за доверливи разузнавачки информации доставен до Белата куќа и клучните членови на Конгресот се вели дека вирусот најверојатно се проширил поради несреќа во кинеска лабораторија, објави денеска WSJ.
Одделот за енергетика претходно не беше сигурен за изворот на вирусот. Заклучокот се должи на новите разузнавачки информации.
Извештајот, исто така, истакнува како едни агенции процениле дека ширењето на вирусот најверојатно е резултат на природен пренос, додека други се неодлучни.