Tурбините на ветер што се поставени покрај морињата се помалку опасни за морските птици во Велика Британија отколку што се мислеше, покажува новата студија на енергетската компанија „Ватенфол“ (Vattenfall).
Откако две години следеше птици во близината на Абердин, Шкотска, компанијата рече дека нејзините истражувачи не виделе судири меѓу сечилата на роторот од ветерниците и дивиот свет.
„Наместо тоа, четирите вида што тие ги следеа би можеле да го приспособат своето движење од далечина и изгледаат многу способно да преживеат во околина со енергија од ветер“, рече Хенрик Сков, раководител на проектот.
Доказите за ниското влијание врз локалниот див свет може да помогнат во намалувањето на бирократијата што го забавува добивањето дозволи за фармите со ветерници.
Размислувањата за влијанието на ветерните паркови врз животната средина претходно ги намалија напорите на ЕУ да го забрза растот во производството на енергија од обновливи извори.
„Со овој проект успеавме да собереме податоци за кои се надеваме дека може да се искористат за да се подобри нашата способност за попрецизно предвидување на ризиците од судир и на тој начин да се дозволи да се извлечат пореални бројки за процените на кумулативниот ефект на ветерните централи на Северно Море“, рече Робин Кокс, проект-менаџер за студијата.