Француски демонстранти упаднаа во главниот хол на берзанскиот оператор „Еуронекст“ (Euronext NV) во деловниот кварт Дефенс (во близината на Париз), во услови кога противењето за пензиската реформа на францускиот претседател Емануел Макрон останува дури и по усвојувањето на планот претходно овој месец.
Француската телевизија прикажа слики на работници во железницата и други компании што скандираат и веат знамиња на синдикатите.
Портпаролката на „Еуронекст“ рече дека протестот завршил во четвртокот околу пладне по локално време и дека немал никакво влијание врз работењето на берзата, преку каков било евентуален прекин на тргувањето.
Останува силен гневот поради одлуката на Макрон да ја зголеми минималната возраст за пензионирање од 62 на 64 години. Противниците сè повеќе целат на симболите на капитализмот и бизнисот во Франција, откако се покажа дека организираните протести во последниве недели имаа мало влијание врз плановите на владата.
Во претходните штрајкови, демонстрантите упаднаа во канцелариите на ЛМВХ (LVMH - Moët Hennessy Louis Vuitton), „Блекрок“ (BlackRock Inc.) и „Натиксис“ (Natixis SA).