Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсен осомничен за нападот кај Младеновац, во кој со огнено оружје беа убиени осум, а ранети 14 лица (ажурирана бројка).
Како што се наведува во соопштението, У.Б. (2002) е уапсен во околината на Крагуевац.
Од српското МВР соопштуваат дека ранетите се згрижени во болници и дека полицијата продолжува со работа за расветлување на сите факти и околности на овој настан.
Медиумите јавуваат дека напаѓачот (21) од автомобил во движење пукал кон селаните во селото Дубона и побегнал.
Се пренесува и изјавата на министерот за полиција Братислав Гашиќ, кој нападот го оценил како терористички чин.
Според пишувањата, инцидентот започнал со убиство на полицаец и неговата сестра, по што напаѓачот масовно отворил оган.
Исто така, според медиумите, на теренот имало многубројна полиција во потрага по напаѓачот, кој бил во бегство.
(Дополнето со нови информации)