Чарлс Трети конечно е крунисан за крал, завршувајќи го своето седумдецениско чекање за позлатениот спектакл што ги слави средновековните корени на монархијата и се обидува да ѝ овозможи да ја преживее сегашната ера на технолошки и општествени промени.
Прочитај повеќе
Товар или корист? Економијата на крунисувањето на кралот Чарлс
Приходите на хотелите пораснаа за 54 проценти во споредба со истиот период минатата година.
06.05.2023
Крунисувањето на Чарлс Трети - изложба на богатството на британската монархија
Највредното богатство на монархијата е Бакингемската палата, вредна 1,3 милијарда фунти.
05.05.2023
Чарлс, кој легално стана крал по смртта на кралицата Елизабета Втора во септември, официјално ја прими круната на Свети Едвард за време на религиска церемонија. Настанот се очекува да ја прикаже трајната британска мека моќ додека го следат околу 2.000 достоинственици, духовни водачи и познати личности, а илјадници се собираат на улиците во Лондон и милиони други што од целиот свет ќе следат онлајн.
Церемонијата почна со тоа што кралот ја напушти Бакингемската палата со кралицата Камила во државната кочија, создадена од адмиралот Хорацио Нелсон за дијамантскиот јубилеј на Елизабета. Кралската двојка ѝ мавташе на толпата низ улиците на Лондон. Ова означува пресвртница за Обединетото Кралство, кое се приспособува на животот без Елизабета, која во голема мера успеа да ја одржи популарната поддршка за време на своето рекордно владеење.
Настанот е организиран со внимателна и прецизна кореографија за да означи нов почеток за монархијата, бидејќи Британија продолжува да се бори со кризата на трошоците за живот и долготрајните последици од брегзит, пандемијата и руската војна во Украина.
Крунисувањето содржи рационализиран список на гости и скратена патека на парадата во споредба со церемонијата што го потврди владеењето на Елизабета во 1953 година. Сепак, многу од традициите и реквизитите остануваат, од дувачките оркестри и чуварите на коњите до столчето за крунисување, старо 700 години, како и античката лажица што се користи за помазанието на кралот. Крунисана е и Камила.
(Текстот е изменет во првиот параграф со информацијата за крунисувањето на Чарлс Трети)