Во основно училиште во Лукавац (Босна и Херцеговина) утрово се случило пукање во кое, според првичните информации, тешко е повреден вработен во училиштето откако ученик пукал во него.
Пукањето го извршил малолетник ученик, кого полицијата го ставила под контрола, потврдено е за порталот „Кликс“, од каде што пишуваат дека станува збор за поранешен ученик, кој поради лошо однесување бил префрлен во друго училиште.
Градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, потврди дека пукањето го извршил ученик, кој бил уапсен, а оружјето е пронајдено.
Од Ургентниот клинички центар во Тузла наведуваат дека поради прострелна рана во пределот на вратот е хоспитализиран пациент со иницијали О.Н. Во моментов во тек е операција.
Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла за „Независне новине“ велат дека пред девет часа биле информирани дека имало пукање во основно училиште во Лукавац.
„Таму веднаш се упатила итна медицинска помош. Повеќе информации ќе има подоцна“, соопштиле од Министерството.