Познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се обвинети за силување, трговија со луѓе и формирање криминална банда за експлоатација на жени, соопшти романското обвинителство.
Браќата, двајцата со двојни државјанства на Обединетото Кралство и САД, и двајца романски државјани со месеци се во домашен притвор за време на обемна полициска истрага.
Според преводот на изјавата, обвинителите посочуваат дека има седум наводни женски жртви, вклучувајќи и некои што биле „заведени“ со „лажни тврдења за брак и љубов“.
Тејт, поранешен кикбоксер, претходно ги негираше сите обвинувања за злоупотреба и трговија со луѓе.
Досието е испратено до судот во Букурешт, велат обвинителите.