Швајцарскиот производител на часовници „Своч груп“ (Swatch Group) поднесе тужба против малезиската влада и официјални лица од Министерството за внатрешни работи, оспорувајќи го запленувањето на часовниците со виножито на темата гордост, објавија локалните медиуми.
„Своч груп“ Малезија бараше налог од Високиот суд да ги укине известувањата за заплена на Министерството за внатрешни работи во мај за 172 часовници во вредност од 64.795 рингити (14.214 долари) и за враќање на конфискуваните парчиња во рок од пет дена од судскиот налог, објави Малајмаил (MalayMail), цитирајќи ја апликацијата за судска ревизија поднесена од компанијата на 24 јуни.
„Своч“ рече дека Министерството за внатрешни работи издало известувања за заплена во кои се наведува дека часовниците промовираат или имаат „елементи“ на ЛГБТ и дека часовниците го прекршиле Законот за печатење и публикации (PPPA) од 1984 година. „Своч“ тврди дека заплените биле нелегални бидејќи часовниците не се публикација нешто што може да биде забрането според законот, се вели во извештајот.
Прочитај повеќе
По остриот пад во декември, „Своч“ ја подобрува продажбата во Кина
Продажбата на часовници во Кина во четвртиот квартал падна поради карантинот и скокот на инфекции со ковид-19.
26.01.2023
Министерството за внатрешни работи на Малезија не одговори веднаш на барањето за коментар од Блумберг Њус. Низам Башир, советник на Своч груп од Малезија во овој случај, одби да коментира кога бил повикан на телефон.
Случајот треба да се појави пред Високиот суд на 20 јули, со барањето на „Своч“ во кое компанијата бара дозвола за судска ревизија. Судија е Амарјет Синг Серџит Синг, објави „Малејмаил“.
Со помош од Рам Ананд и Кок Леонг Чан