Фамилијата Pon почна со работа во 1867, со мала продавница близу Амстердам, во која се продаваа сапун, машини за шиење и тутун. Денес, пет генерации подоцна, оваа фамилија е голем трговец на мало на автомобилите Volkswagen и Caterpillar Inc. опрема, други бизниси.
Нивната фирма, Pon Holdings, вреди околу $6.4 милијарди, откако во 2021 година пријави добивка од $8.5 милијарди, најголема во последниве пет години. Фамилијата е меѓу најбогатите во Холандија, заедно со производителот на пиво, Heineken Holding NV, и трговецот на облека C&A.
За подобро да го регулира со своето богатство, фамилијата лани ја отвори својата канцеларија, Knop Investments, и се во процес на бирање на нејзиниот менаџмент. Maurits Koning се придружи во 2021 како директор од оддел за инвестиции на Pon Holdings, додека Lennart Klooster беше вработен во април како директор за финансии од семејната канцеларија на сопствениците на градежниот гигант VolkerWessels. Eric-Jan Vink, поранешен претседател во холандскиот пензинскиот фонд, PGGM, месецов започна со работа како директор.
Семејните канцеларии станаа многу популарни во последните две децении, како резултат на создавањето дискретни бизниси фокусирани на задржувањето на богатството.
Koning работеше во Pon Holdings, Ponooc, околу седум години, пред да стане дел од Knop. Меѓу најновите инвестиции на Ponooc се удел во фирмата за технолошко осигурување Laka во Лондон, во старт апот Bikemap во Виена, и холандскиот бизнис за менаџирање на флотата, Orion.
Фамилијата Pon го прошири својот бизнис со продавање велосипеди во 1900, и стана единствениот агент на Opel автомобили во Холандија околу три децении подоцна.
Бен Пон Сениор е дел од третата генерација, помогнал во создавањето на кампот на Volksvagen, откако во 1947 го видел производствениот погон во Wolfsbourg и видел како шасиите за Буба се корситат за превоз на тешки предмети. Неговите скици за прототип на автобус ќе заживеат после три години.
Семејството почнало да увезува Volksvagen набрзо по завршувањето на Втората светска војна, а потоа кон потрофолиото се додадени и Audi, Skoda, Bugatti, Bentley и Lamborghini.
Семејната фирма сега го увезува секој петти автомобил во Холандија. Останува голем играч и во велосипедизмот, а годинава го купи и спортскиот сегмент од Dorel Industries Inc., вреден 810 милиони долари. 75 оотсто од велосипедите во Холандија се нивно производство.
Компанија исплатила повеќе од 200 милиони евра дивденди во претходната деценија.
Откако раководењето со фирмите го предаде на децата и долгогодишните вработени, Бен Пон еќе не го конролира работењето на фирмите. Неговиот син сe реши за фарми во Холандија, Германија и Шкотска.
„Татко ми ми дозвооли да купам фарма. Имав многу среќа“, рече Пон помладиот во интервју лани додавајќи дека тоа му било желба уште откако имал 18 години.