Претстојниот натпревар на Интер Мајами на гости против фудбалскиот клуб Далас од МЛС (Major League Soccer) беше распродаден за 10 минути, што е само показател дека аргентинската суперѕвезда Лионел Меси дава голем поттик за интересот за професионалната лига на САД.
Меси, кој потпиша со Интер Мајами во јули, ќе го игра својот прв гостински натпревар в недела, на стадионот „Тојота“ во Фриско, северно предградие на Далас. Натпреварот е во рамките на турнирот во Лига-купот, годишно фудбалско натпреварување помеѓу клубовите од МЛС и Мексиканската лига (МХ).
Десетминутната распродажба во четвртокот наутро е најбрзата досега за ФК Далас, според официјалните лица на тимот. Почетните цени на билетите беа 299 долари, а билетите на официјалниот пазар за препродажба АХС (AXS) чинат повеќе од 600 долари. Стадионот има капацитет од близу 20.000 седишта.
Прочитај повеќе
Криптокомпанија очекува бум поради доаѓањето на Меси во Мајами
Секогаш кога Меси ќе излезе на теренот, фановите ќе имаат можност да се присетат на славните денови на дигиталните средства.
29.07.2023
Доаѓањето на Меси во Мајами ќе ја круниса упорноста на Бекам
Дејвид Бекам трпеше пораз по пораз во неговиот речиси децениски долг обид да го претвори Мајами во фудбалски град.
08.06.2023
Може ли ликот на Меси да заврши на аргентинскиот пезос?
Во фудбалската еуфорија и Централната банка разгледувала начини како да му оддаде почит на победникот на Светското првенство.
22.12.2022
Подвигот на Меси ги стави на пауза горливите проблеми на Аргентина
Редок момент на еуфорија и среќа за земјата погодена од речиси трицифрена инфлација и соочена со месеци на економска и политичка неизвесност.
19.12.2022
Ден Хант, косопственик на ФК Далас, ја очекуваше распродажбата за време на интервјуто со „Блумберг њуз“ во вторникот, велејќи дека ако двата тима се пласираат понатаму, „ќе се распродадат за неколку минути“.
Хант го гледа потписот на Меси со Интер Мајами како клучен момент за МЛС.
„Тоа е најголемиот погодок во историјата на лигата“, рече Хант.