Барателите на азил се отстрануваат од бродот „Биби Стокхолм“ на кој беа сместени поради откривањето на бактеријата Легионела во водоводот, .
„Скај њуз“ објави дека тоа се прави како „превентивна мерка“ и дека ниту еден мигрант не се заразил или заболел од Легионерска болест, сериозен тип на пневмонија.
Во понеделникот, по неколку недели одложувања поради загриженост околу безбедноста, локалната опозиција и правните предизвици, првите 15 баратели на азил се качија на бродот „Биби Стокхолм“.
Се очекуваше околу 50 луѓе да се качат на огромниот брод, вкотвен во пристаништето Портланд, во Дорсет, но на околу 20 им беше одложувено сместувањето во последен момент по серија правни предизвици.