Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата.
Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага.
Брзата помош згрижила 55 мигранти.
Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода.
Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.