Цените на куќите во Лондон продолжуваат да растат, вредноста на становите паѓа.
Становите поевтинија за повеќе од 11 отсто во однос на врвот кој го достигнаа во август 2020 година. Сега просечната продажба е пониска од 400.000 фунти, покажуваат катастарските податоци до кои дојде Bloomberg News.
Бројките исто така покажуваат дека просечната цена за куќа достигна нов рекорд од речиси 634.000 фунти (768.500 долари).
Ваквата мешана слика покажува дека кешот полека излегува од пазарот со недвижнини од главниот град. Повеќе општини бележат пад на цените во споредба со минатата година со оглед на повисоките стапки за хипотекарните кредити и растот на трошоците на живот ги ограничуваат купувачите кои можат да платат за дом.
Цените паѓаат таму каде што има повеќе станови вкучувајќи ги Lambeth, Tower Hamlets и Greenwich. Купувачите може нема да бидат подготвени многу да платат за такви домови, посебно за оние со ограничен или никаков надворешен животен простор, нешто што стана многу пожелно во пандемијата.
Податоците упатуваат на позитивни вести за инвеститорите. Премијата за новите домови во главниот град скокна на 680.000 футни во март споредено со 517.000 фунти за постоечките куќи. Но тоа може да е последица на промената на видот на недвижностите кои се продаваа.
Лондон е пазар со недвижности со најлоши резултати, со вредности поголеми за 3,9 отсто до мај, наведува Zoopla. Тоа е помалку од половина одд британсскиот просек. Исто така, во глаавниот град е потребно повеќе време за да се продаде куќа отколку во другите региони, објави поратлот кој се занимава со проблематиката