Нееднаквостите во општеството и големата разлика меѓу богатите и сиромашните односно меѓу оние што умираат од глад и оние што умираат од покачен холестерол, според тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е причината за насилството, но и расизмот, за кои вели дека не се проблем на фудбалот, туку на општеството, јави дописничката на МИА од Атина.
Гвардиола, во интервју за грчката „Космоте“ (Cosmote TV), кратко пред финалето на Суперкупот, даде свој став за насилството во фудбалот.
„Виновно е општеството, тоа не фудбалски проблем. Исто како со расизмот, кој не е проблем на фудбалот. Расизмот е насекаде, насилството е насекаде. Зошто? Бидејќи разликата меѓу богатите и сиромашните е голема и не постои средна класа што би ја балансирала ситуацијата. Во светот нееднаквостите создаваат проблеми. Половина планета страда од глад, другата половина умира поради висок холестерол“, истакна Гвардиола.
За последните случувања во Грција и убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, тренерот на Сити истакна дека тоа се случува и во други земји и „е прашање на култура“, додавајќи дека просветните, но и здравствените работници треба да бидат подобро платени, „но оние што се на власт крадат и така ситуацијата станува потешка“...