Селекторот на шпанската женска фудбалска репрезентација се соочува со истрага откако се појави видео на кое се гледа како тој ја допира по градите својата асистентка додека го прославува единствениот гол во финалето на Светското првенство.
Инцидентот доаѓа во време на негодување во земјата против претседателот на шпанската Фудбалка федерација (ФА), откако тој бакна играчка во усните без нејзина согласност за време на церемонијата на доделување награди по победата од 1-0 над Англија во Сиднеј, Австралија.
Во видеото, Хорхе Вилда, шефот на стручниот штаб на Шпанија, кога го прославува голот против Англија, се врти да прегрне тројца негови помошници - жена и двајца мажи. Додека се врти да погледне назад кон полето, неговата рака ги допира градите на жената што го носи капутот. Со другата рака го допираше машкиот асистент.
Шпанската фудбалска федерација не одговори веднаш на барањето за коментар од Асошиетед прес.
Претходно оваа недела, вршителот на должноста премиер Педро Санчез го повика претседателот на шпанската ФА, Луис Рубиалес, да одговори за неговото однесување во финалето, паралелно се зголемува притисокот тој да се повлече.
Скандалот предизвикан од Рубиалес го расипа едно од најголемите достигнувања на женскиот фудбал во Шпанија. Само Германија и Шпанија имаат освоена светската титула и за мажи и за жени.
Вилда ја предводеше Шпанија до победа, а пред помалку од една година 15 играчки изјавија дека го напуштаат тимот доколку тренерот не направи големи промени за да ги подобри перформансите и резултатите на тимот. Не е познато дека против Вилда имало обвинувања за недолично однесување. Три од фудбалерките и се вратија во составот за Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд.