Владата ја именуваше Јелисавета Георгиева Јовевска за прв национален координатор за медијација. Таа е потпретседателот на Стопанската комора и претседател на Асоцијацијата за медијација при Комората.
Со новиот Закон за медијација кој стапи на сила на 4-ти јануари 2021 година ќе функционира Национален совет за медијација, тело на Владата кое независно и самостојно го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите во медијацијата во рамки на надлежностите определени со законот.
Со Националниот совет за медијација раководи Националниот координатор за медијација, кој воедно и го застапува и претставува Советот, кој освен Националниот координатор ќе брои плус 4 члена и секретар.
Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска 20 години работи во Стопанската комора на Северна Македонија од кои 15 години беше извршен директор а сега ја врши функцијата потпретседател на Комората и проектен менаџер за развој на новите Совети во Комората. Од 2016 година, од кога е формирана посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората е нејзин претседател а од истата година е лиценциран медијатор и потоа лиценциран обучувач на медијатори.
Георгиева Јовевска повеќе години назад е инволвирана во процесите на афирмација и популаризација на медијацијата.