Групата од 20 земји се согласи да и додели статус на постојана членка на Африканската унија, со цел да му даде на континентот посилен глас за глобалните прашања како што се климатските промени и долгот на новите пазари.
Домаќинот на самитот индискиот премиер Нарендра Моди го објави ова во саботата во Њу Делхи на почетокот на дводневниот состанок на лидерите на Г20, прегрнувајќи го Азали Асумани, претседателот на Африканската унија, и нудејќи му место на масата.
„Блумберг Њуз“ прв го објави планираниот потег претходно оваа недела. Ова ќе и даде на 55-члената Африканска унија ист статус како на Европската унија во Групата 20.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во објавата на X, порано познат како Твитер, напиша дека е „воодушевен“ и дека со нетрпение очекува блиска соработка во Г20.