Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои последниот гранслем-турнир годинава победувајќи го Русинот Данило Медведев со 3:0 во сетови и ја освои својата четврта титула на УС опен.
На Ѓоковиќ ова му е 24 гранслем-титула, од кои десет освои на Австралија опен, седум на Вимблдон, четири на УС опен и три на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ по третпат во кариерата успеа да игра финале на сите четири големи турнири во една календарска година. Првпат го направи тоа во 2015 година, а го повтори во 2021 и 2023 година.
Исто така, ова е четврти пат тој да освои три големи титули во една година. Тоа успеа да го направи во 2011, 2015, 2021 и 2023 година.
На таканаречената вечна листа на најтрофејните освојувачи на некои од четирите најголеми турнири во годината, Ѓоковиќ има две титули повеќе од Рафаел Надал и четири повеќе од Роџер Федерер.
Новак Ѓоковиќ од денеска повторно е прв играч на АТП-листата.