Лионел Меси купува вила од речиси 10,8 милиони долари на брегот во предградие на Јужна Флорида, откако високиот износ на договорот ја намами фудбалската суперѕвезда во САД.
Со купувањето управуваше фирма поврзана со Алфонсо Небот Армисен, кој помага во менаџирањето на инвестициите на Меси, според јавно достапните податоци. Според соопштението, домот од 975 квадратни метри во Форт Лодердејл, Флорида, има осум спални соби, гаража за три автомобили и базен. Имотот претходно беше продаден за 9 милиони долари, во мај 2022 година.
Меси му се приклучи на тимот на Интер Мајами на почетокот на годинава по договорот што го доби, а поради кој ја отфрли понудата од Саудиска Арабија. Аргентинската суперѕвезда веќе остави свој белег со тоа што го предводеше американскиот тим до победа во Лига-купот, донесе нови спонзори и придонесе натпреварите да се распродаваат за неколку минути.
Прочитај повеќе
Првиот гостински натпревар на Меси распродаден за 10 минути
Аргентинската суперѕвезда дава голем поттик за интересот за професионалната фудбалска лига на САД.
04.08.2023
Доаѓањето на Меси во Мајами ќе ја круниса упорноста на Бекам
Дејвид Бекам трпеше пораз по пораз во неговиот речиси децениски долг обид да го претвори Мајами во фудбалски град.
08.06.2023
Семјуел и Дона Симпкин од „Компас Флорида“ го застапуваа семејството Меси во трансакцијата, која првпат беше објавена од „Рил дил“ (The Real Deal).
Претставник на Интер Мајами не одговори веднаш на барањето за коментар.
Меси поседува и други домови во областа на Мајами, вклучувајќи и стан на цел кат од 7,3 милиони долари во Сани ајлс бич.