„Конзум“ во средата ја отвори првата паметна продавница во Загреб, прва во регионот каде што нема каси или скенирање артикли. На адресата Курелчева 1 клиентите можат да влезат, да го скенираат QR кодот од мобилната апликација, да ги земат саканите артикли од полиците и едноставно да си заминат.
Плаќањето за купените артикли ќе се врши автоматски преку сметката на дебитна или кредитна картичка што купувачот ја внел во апликацијата, а сметката ќе стигнува на апликацијата и на електронска адреса.
„Цените се пониски и во оваа продавница“, рече на презентацијата Фабрис Перушко, член на Одборот на директори и главен извршен директор на „Фортенова груп“.
Оттаму објаснуваат дека нема да има метежи и задржувања, а системот преку апликацијата функционира како дигитален паричник.
„Технологијата што се користеше за концептот на продавницата се заснова на компјутерска визија за препознавање, а просторот е покриен со 150 камери, благодарение на кои можеме да следиме кои предмети ги зел купувачот од полицата и да ги наплаќаме само оние што ги зел со себе од продавницата“, објасни директорот за информатика во „Конзум“, Јозо Џакула.
Во новата продавница се достапни 1.700 артикли. Претставниците на „Конзум“ истакнаа дека во светот има само 150 такви продавници, а најблиску е онаа Минхен.
За сè е заслужна вештачката интелигенција, а системот е имплементиран во соработка со американската компанија „АиФи“ (AiFi).