Грчката економија би можела да порасне над прогнозите затоа што туристите во поголем број се враќаат во земјата, вели шефот на централната банка.
„Проширувањето од тие 3,2 отсто што е основно сценарио на Централната банка, се темели на претпоставката приходите од патувањата, од тоа што го нарекуваме туризам, да бидат 80 осто од приходите во 2019“, вели Yannis Stournaras. „Изгледа дека ќе бидат близу 100 отсто. Значи, 3,2 отсто е на долната страна на веројатноста“.
Туристичкиот сектор во Грција е силен, а индустријата создава петтина од економијата и повеќе од четвртина од сите работни места. Инфлацијата ги намали трошоците на европските потрошувачи, но патувањата во странство се исклучок и туристите итаат кон Грција.
Земјата е исто така во подобра позиција од некои земји во еврозоната во поглед и на заканите дека Русија целосно ќе го запре дотокот на гас, вели Stournaras. „Грција има различни извори за гас, течен гас, си ја заврши задачата пред многу месеци“, вели тој. „Потполно запирање на гасот ќе значи дека стаппката на раст ќе падне, но нема да биде негативна“, објаснува, „Нема да паднеме во рецесија“.